За Среќни топчиња

 

Среќни топчиња 6/48 е игра во која од можните 48 топчиња се извлекуваат 35. Извлекувањето на броевите се врши по пат на електронски генератор на случајности каде резултатот од извлекувањето се пренесува електронски.

Сите 48 топчиња се во 8 различни бои, подеднакво застапени. Учесникот во играта, од групата на броеви од 1 до 48, може да одигра најмалку 6, а најмногу 10 броеви.

Во случај кога учесникот во играта ќе избере повеќе од 6 броеви, потврдата за уплата се пресметува како одиграни комбинации на броеви (систем), чиј број на комбинации зависи од бројот на одиграни броеви. Цената на поединечна игра односно комбинација за Среќни топчиња изнесува 2 денари.

Минимална уплата на една потврда за уплата за сите видови игри од Среќни топчиња изнесува 20 денари.

На една потврда за уплата може да се одигра максимално 219 комбинации (210 комбинации од игра на броеви + 9 комбинации од останатите видови игри).