Повеќе за кено
ШТО Е КЕНО?
Кено е брза и едноставна игра на среќа со извлекување на 20 броеви од 1 до 80.
Уплата за Кено се врши секојдневно, за кола кои се одржуваат од 10:00 часот до 22.00 часот, на секои 5 минути. Во КЕНО може да се одиграат 10 различни игри, од КЕНО игра 1 до КЕНО игра 10, во зависност од тоа колку броеви погодувате. Ако погодувате еден број – Вие играте КЕНО игра 1, со два броја играте КЕНО игра 2... а со десет броеви Вие сте одиграле КЕНО игра 10. Во секоја КЕНО игра, освен во КЕНО игра 1 и 2, можни се повеќе добивки. Во КЕНО игрите 6, 7, 8, 9 и 10, добивка се постигнува и кога нема да погодите ниту еден број. Во КЕНО, Вие по сопствен избор одлучувате за износот за уплата и Вашата добивка се одредува многу едноставно со множење на износот за уплата со коефициентот за постигнатата добивка.
ПРИМЕР:
Ако одлучите да одиграте десет броеви, тогаш играте КЕНО игра 10. Ако вложите 100 денари, Вие може да постигнете една од следните добивки:
‐ за десет погодени броеви – 10.000.000 денари (100 Х 100.000)
‐ за девет погодени броеви – 1.000.000 денари (100 Х 10.000)
‐ за осум погодени броеви – 100.000 денари (100 Х 1.000)
‐ за седум погодени броеви – 5.000 денари (100 Х 50)
‐ за шест погодени броеви – 800 денари (100 Х 8)
‐ за пет погодени броеви – 200 денари (100 Х 2)
‐ за ниту еден (0) погоден број – 300 денари (100 Х 3)
Покрај ова, во КЕНО постои можност да постигнете добивка и во дополнителни игри во извлекување на сериските броеви на сите уплатени талони за КЕНО и тоа:
ЧЕТИРИ ЏЕК-ПОТА
‐ На ЦЕЛИОТ сериски број на Вашиот талон – можност за добиете МИНИ ЏЕК-ПОТ, КЕНО ЏЕК-ПОТ, ГРАН-ПРИ ЏЕК-ПОТ и ХЕПИ-АУР ЏЕК ПОТ!
ЏЕК-ПОТ се постигнува кога целиот сериски број на Вашиот талон е ист како извлечениот број за џек-пот.
КЕНО ГАЛАКСИ
КЕНО ГАЛАКСИ е дополнителна игра во Кено и во неа може да се учествува ИСКЛУЧИВО со уплата за играта на среќа КЕНО за истата серија и коло. КЕНО ГАЛАКСИ се одвива веднаш по секое извлекување на КЕНО, односно на секои 5 минути.
Повеќе за КЕНО ГАЛАКСИ
КАКО СЕ ИГРА КЕНО? ЕДНОСТАВНА ИГРА
Напишете ги или кажете ги броевите кои сакате да ги одиграте (најмалку еден, најмногу десет броеви) на лицето кое врши уплата, износот кој сакате да го уплатите по што ќе добиете ПОТВРДА (талон) за уплата (минимална уплата 20 денари). Максималната уплата по талон е 3000 денари.
Доколку немате време или не сте сигурни кои броеви сакате да ги одиграте, искористете ја можноста да побарате автоматски избор на броеви и компјутерот наместо Вас ќе ги одбере броевите.
По сопствен избор можете да го одберете и времето на извлекување во кое сакате да учествувате (час и минути) како и да се претплатите за повеќе извлекувања.
СИСТЕМСКА ИГРА
Напишете ги или кажете ги броевите кои сакате да ги одиграте во систем (НАЈМАЛКУ ДВА, НАЈМНОГУ ДВАНАЕСЕТ броеви) на лицето кое врши уплата, како и системот кој сакате да го одиграте (најмалиот систем е „ЕДЕН од ДВА“ а најголемиот систем е „ДЕСЕТ од ДВАНАЕСЕТ“).
Одберете број на барани погодоци (ПОГОДЕНИ БРОЕВИ). Бројот на погодени броеви треба да е најмалку за еден број помал од бројот на одиграни броеви.
Одлучете се за износот кој сакате да го уплатите, по што ќе добиете ПОТВРДА (талон) за уплата.
(износот на уплата за системска игра зависи од бројот на комбинации, минимална цена на една комбинација 1 денар, минимална уплата на талон 20 денари).
Искористете ја можноста да побарате автоматски избор на броеви и компјутерот наместо Вас ќе ги одбере броевите, можност за избор на време за извлекување во кое сакате да учествувате (час и минути) како и можноста да се претплатите за повеќе извлекувања.
ТАБЕЛА ЗА СИСТЕМСКА ИГРА СО БРОЈ НА КОМБИНАЦИИ
СПОРЕД ОДИГРАНИ БРОЕВИ / БАРАНИ ПОГОДОЦИ

Со уплата на саканата игра Кено се добива потврда за уплата, која е единствен доказ за учество во играта Кено.
КАКО ДА СЕ ИНФОРМИРАМ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИЗВЛЕКУВАЊАТА?
Следење на КЕНО извлекување на броевите во живо во обложувалниците на СПОРТ ЛАЈФ. (доколку сте пропуштиле некое извлекување, од лицето кое врши уплата на КЕНО ‐ побарајте извештај за извлечените броеви за тоа извлекување).
КЕНО телетекст страница 755 на АЛФА ТВ – извештај за извлечените броеви во реално време.
На www.loto.mk и на www.sportlife.com.mk
Телефон за информации: 02 / 323 - 7777.