ЗА НАС
Др
жавна лотарија на Македонија е современо акционерско друштво во државна сопственост, создадено според успешните примери и споделените искуства на европските и светските државни лотарии. Во нашето Друштво работи стручен и искусен кадар, способен за домаќинско и транспарентно работење со една голема цел пред себе – да создаде лотарија за народот и да придонесе да се подобри квалитетот и да се збогатат содржините на живеење на граѓаните на Република Македонија, преку генерирање на приходи за буџетот од кои ќе се финансираат општествено корисни, хуманитарни активности и приредување игри на среќа со реални шанси за добивка за македонските граѓани.
Нашата визија е да се создаде што поголем број среќни луѓе, преку креирање на директни и индиректни придобивки за сите граѓани, а за да го постигнеме тоа, нудиме модерни, интересни и разновидни игри на среќа од кои се издвојува одреден процент за формирање на хуманитарен фонд за општо добро.
Затоа, работиме во согласност со највисоките светски стандарди од оваа област и применуваме најсовремена технологија за сигурност и контрола на безбедноста и квалитетот. Работиме транспарентно и домаќински, за да оставиме позитивен пример за тимска заложба, да придонесеме за заедницата и да поттикнеме што повеќе радост и верба во сопствената среќа на секој граѓанин на Македонија.
На 6 јули 2011 година, во Хелсинки, Државна лотарија на Македонија беше примена за полноправна членка на Европската асоцијација на лотарии.