Борче Мирчоски од Битола се придружува на семејството добитници на електричен тротинет од инстантот Еко скутер. Добитниот лоз, Борче го купил од среќното продажно место Вагабонт во Широк Сокак. Среќниот добитник често купува инстанти, а ова за него е втора поголема добивка. Претходно бил добитник на 20 000 денари од инстантот Златна рипка што е доказ дека среќата ги прати упорните.

Борче и неговите пријатели на сите играчи на игрите на среќа на Државна лотарија испратија порака да си ја пробаат среќата затоа што кој игра тој и добива.