Борис Бубевски од Берово е среќниот добитник на електричен тротинет од инстантот Еко скутер. Борис ни раскажа дека иако не купува често инстанти, тој ден имал чувство дека ќе има добивка.
Купил 8 различни инстанти од среќното продажно место Буги во Берово, а дека интуицијата не го изневерила е доказ еко скутерот кој го подигна од нашите простории.
Борис ни вети дека почесто ќе купува инстанти, а ќе ја уплати и својата омилена комбинација бројки за Лото 7 затоа што верува дека го прати среќата.