Новости

Нова втора БИНГО ВЕЧЕР ќе се одржи на 9ти декември кога се планираат дополнителни изненадувања за Бинго играчите кои на време ќе се пријават за играње Бинго во ресторанот Бела. 300 пара ќе добијат подарок од самиот ресторант, уплатени Бинго Бум картички, а во прекрасниот амбиент на ресторанот ќе се игра Бинго Бум со следење на телевизискиот пренос во живо.
Започна наградната игра „ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДA БЕЗ МАКА“. На граѓаните им се нуди до сега најбогат награден фонд: Три станови, три дуќани, девет автомобили и бројни вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари. Приредувач на наградната игра е Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерството за финансии на Република Македонија.
Под мотото СО НАЈУБАВИ ЖЕЛБИ, Државна лотарија на Македонија ја започнува празничната атмосфера која полека започнува да се шири со почетокот на последниот месец во 2013. На играчите им нудиме нова забава со најновата игра на среќа ПОДАРОК, но и бројни можности за парични добивки од 50 до 60.000 денари.
По рекордната премија 6+1 која ја имавме неодамна, во 66то коло, по што следеше реприза на оваа премија и во 73 коло на НовоЛото 7/34, годинава имавме прилика да се запознаеме и со уште еден среќен добитник на оваа примамлива добивка. Беким Нухија од тетовско Желино е нашиот нов среќен играч кој го надополни кругот на среќни добитници на Државна лотарија на Македонија.
Струмица во изминатиов период многу често се докажува како среќна локација. Токму ова беше и последниот мотив кој екипата на Државна лотарија на Македонија ја насочи кон гостување во Струмица. Пред продажното место Ваткос во Струмица имавме прилика да се запознаеме со уште едно среќно семејство, добитници на премија во Инстант лотаријата.